„Фуџи Дент“ Кавадарци - индивидуален пристап, задоволни пациенти и убави насмевки

Интервју со д-р Весна Чемерска Попова, генерелен менаџер на Стоматолошката ординација „Фуџи Дент“ од Кавадарци, во кое говори за најсовремените стоматолошки интервенции коишто се извршуваат во нивната ординација. „Фуџи Дент“ успешно работи од 2004 година, а нивна цел се задоволни пациенти. Според Чемерска Попова, може да се успее само доколку се има визија, истрајност, напорно се работи, се преземаат ризици, а секако многу се важни и формирањето добар тим околу себе и поддршката од семејството. Таа е дел и од семејниот бизнис, винаријата со сместувачки капацитет „Вински подрум Попови“, а работи и како судски преведувач од словенечки јазик. Оваа сестрана, успешна жена е овогодишна лауретка на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ во организација на агенција „Марили“.
МАРИЛИ: Вашата забна ординација постои и успешно работи веќе две децении во Кавадаречкиот регион. Со што сѐ се занимавате и која е Вашата посебна специјалност, односно по што сте препознатливи?
ЧЕМЕРСКА-ПОПОВА: „Фуџи Дент“ започна со работа во 2004 година во најмен простор и основна опрема за работа, но со голема визија и храброст, како и желба за напредок и развој. Во текот на изминатите години, со посветена работа и континуирана едукација, станавме препознатлив бренд во нашиот регион.
Во „Фуџи Дент“ се извршуваат современи стоматолошки интервенции од протетика, ортодонција, детска и естетска стоматологија. Најмногу сме препознатливи по индивидуалниот, стручен пристап кон секој пациент.
Користејќи најсовремени материјали и процедури обезбедуваме модерен и траен естетски резултат, од висококвалитетни пломби до високоестетски безметални циркониумски коронки и мостови.
МАРИЛИ: Колку се значајни постојаната едукација и инвестирањето во најсовремени опреми и технологии, како и вложувањето во квалитетен работен кадар?
ЧЕМЕРСКА-ПОПОВА: Напредокот и промените во светот се случуваат со молскавична брзина, а една од дефинициите за интелигенција што најмногу ми се допаѓа е „способноста за адаптација на промените“, така што интелигентните чекори во вистински момент, како во личниот напредок, така и во напредокот на секој бизнис се есенцијални за успех. Во мојот случај тоа е специјализацијата по ортодонција, инвестициите во дигитален рендген панорамикс, ласер и многу други најсовремени процедури, усвоени на многубројни домашни и странски конгреси. Една од најважните работи во мојата секојдневна работа на која ѝ посветуваме многу внимание е довербата што ја уживаме од пациентите, која се стекнува со посветен и искрен пристап, со секој пациент на посебен начин.
Во мојата работа нема сериско производство, сѐ е рачно изработено (custom made). Во секоја изработка има и стручност и уметност, така што пациентите умеат да го почувствуваат и да го почитуваат тоа. Јас сум тимски играч, сама не можам да функционирам.
Признавам дека покрај образованието и постојаната едукација, личниот успех и успехот на „Фуџи Дент“ не би биле на ова ниво без мојот тим што функционира и дише во координација со мојот ритам на работа.
И покрај тоа што сѐ уште ги чувствуваме последиците од здравствената криза, а сега и од светската енергетска криза, плановите за оваа година ни се целосна дигитализација на ординацијата со скенер и CAD/CAM систем, кој ќе овозможи изработка на компјутерски протетски надоместоци за буквално два дена, а што е во согласност со динамичниот начин на живот и изострените желби и барања на пациентите.
Како поранешна претседателка на Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи во период од шест години, а актуелна претседателка на Регионалниот одбор на Стоматолошката комора и членка на Извршниот одбор на Стоматолошка комора на Македонија, активно учествувам во моделирањето и унапредувањето на стоматологијата, како и подобрувањето на статусот на докторот стоматолог во Македонија.
Веќе 12 години сум и судски преведувач по словенечки јазик и мојот сопруг знае да се пошегува дека тоа е мојата втора професија (second job). Учењето странски јазици ми е хоби, но конкретно словенечкиот стана мој секојдневен ангажман.
МАРИЛИ: Фамилијарно се занимавате и со производство на вино. По што е препознатлив „Вински подрум Попови“, кој е неговиот капацитет и на кои пазари сте присутни?
ЧЕМЕРСКА-ПОПОВА: „Вински подрум Попови“ или „Wine cellar Popovi“ го започнавме со мојот сопруг како ентузијастички хедонистички потфат со цел да имаме наше вино во кое ќе уживаме во друштво, со пријателите. И покрај тоа што беше без никаков бизнис-план и тоа во 21 век, благодарение на многубројните награди на домашни, странски и светски натпревари за вина, од година во година, овој проект се претвори во успешна приказна за производство на мали количини вино со висок квалитет, во организација на дегустации и тим билдинзи, како и најдобар сместувачки капацитет во регионот со одлична рецензија на Booking.com.
Иако голем број наши вина се закитија со многу медали, би сакала да го издвојам нашето најнаградувано вино минатата година Dark Horse Vranec Bariqque, кое освои три златни медали на меѓународни натпревари во Бордо во Франција, во Берлин во Германија, како и платинестата награда на фестивалот Open Balkan Wine Fashion што се одржа во Белград, Србија. Љубителите на вино може да ги најдат нашите вина на електронската продавница vinoshop.mk, а вистинските уживатели може да дојдат во „Вински подрум Попови“ во пријатна атмосфера, на чаша добро вино и на несекојдневни инспиративни разговори.
Како потпретседателка на Здружението на македонски дестилерии се залагам за развој, не само на винарските визби туку и на малите дестилерии, како бизнис што може да биде и примамлив и одржлив во оваа наша сончева Македонија.
МАРИЛИ: Што е пресудно за да напредува жената во кариерата?