Потпишан договорот со консултантот „ИРД Инжинеринг“ за изградба на коридорите 8 и 10

Потпишан договорот со консултантот „ИРД Инжинеринг“ за изградба на коридорите 8 и 10

Владата минатата година потпиша меморандум со „Бехтел и Енка”, а Собранието донесе Закон за утврдување јавен интерес и негово номинирање за стратешки партнер за овој проект

 

Почнува преговарачкиот процес со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници во должина од над 120 километри на коридорите 8 и 10-д, а во текот на годинава се очекува да почнат и градежни активности.

Управувачкиот комитет составен од претставници од институциите утре ќе одржи состанок  по што ќе стартуваат преговорите на работната група во соработка со избраниот консултант „ИРД Инжинеринг“ и надзор за проектот со кој Владата денеска потпиша договор, откако компанијата ја достави банкарската гаранција за понудата од 22 милиони евра, што ја достави на тендерот.

„Ќе ги вложиме сите потребни напори за изградба на четирите делници со највисок стандард и квалитет кои што одговараат на квалитетот на патиштата што се градат во ЕУ. Немам сомнеж дека го имаме потребното знаење и експертиза за да го завршиме проектот навреме и со висок квалитет“, изјави Паоло Орсини, директор на „ИРД Инжинеринг“ по потпишувањето на Договорот со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.

Со овој проект се планира изградба на автопатските делници: Требеништа – Струга – Ќафасан во должина од 22,5 километри, Гостивар – Букојчани  од 30,1 километар, Тетово – Гостивар 27 километри и делницата од Коридорот 10-д Прилеп – Битола 43,4 километри. За таа намена во Буџетот на Министерството за транспорт и врски се предвидени 244 милиони евра.

Владата минатата година потпиша меморандум со „Бехтел и Енка”, а Собранието донесе Закон за утврдување јавен интерес и негово номинирање за стратешки партнер за овој проект.

Пренесено од МИА


Статијата е прочитана 221 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско