Отворен повик за 17-то издание на проектот ЛИДЕР: Врвна програма за развој на бизнис и претприемништво во Македонија

Македонија2025 објави отворен повик за ЛИДЕР проектот, кој по 17-ти пат ќе се одржи од 22-ри до 30-ти април 2025 година во Скопје. Проектот се реализира во соработка со Ivey Business School – Western University, кои ја организираат програмата уште од1991-та година.

Оваа програма претставува десетдневна MBA (Management and Business Administration) обука, која ги охрабрува и поттикнува македонските претприемачи да развијат локални бизнис решенија, кои ќе создадат нови можности за социјален и економски општествен развој. 

Преку интерактивни методи на учење со „студии на случаи“, учесниците ќе имаат можност да се стекнат со корисни дополнителни знаења и вештини за секоја фаза од развој на бизнисот, поврзани со изработка на стратегија, финансии, маркетинг, промоција, продажба и развој, како и целосно да го развијат чувството за бизнис. Во текот на предавањата, учесниците ќе имаат можност за индивидуални менторски сесии со некој од инструкторите од „Ivey“ школата и/или ментори обезбедени од Македонија2025.

На повикот може да се пријават учесници до 35 години - претприемачи, менаџери, сопственици на компанија, млади професионалци од бизнис сферата и сите кои се заинтересирани да ги продлабочат своите знаења од областа на бизнисот и претприемништвото.

Инструкторите на ЛИДЕР проектот доаѓаат од канадската Ivey School of Business, и на пријавените кандидати ќе им помогнат  да воведат нови бизнис практики во работењето на нивниот веќе постоечки бизнис или пак да ги претворат своите идеи во успешни бизниси на пазарот.

Повикот е отворен до 31-ви март 2025 година. Повеќе информации за критериумите и начинот на аплицирање ќе најдете на официјалниот отворен повик достапен на следниот линк.  (https://macedonia2025.com/business-and-entrepreneurship-development-training-the-leader-project/)

За сите дополнителни прашања контактирајте нè на bojana@macedonia2025.com.

За Македонија2025

Македонија2025 е меѓународна, независна, непартиска, непрофитна организација. Остануваме посветени на нашата мисија да помогнеме во создавањето на просперитетна економска клима во земјата и „посилна нација”, која ќе ги подобри можностите за граѓаните, компаниите и странските инвеститори. Промовираме одржлив економски раст преку поттикнување на конкурентноста, претприемништвото, иновациите и лидерството базирано на вредности.

 


Статијата е прочитана 48 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско