Децата од „Светот на Колорес“ и оваа година донираат за другачињата од социјално загрозени семејства

Дечињата од градинката „Светот на Колорес“ повторно ја покажаа нивната хуманост,  и оваа година подготвија слатки изненадувања за нивните другарчиња кои се од социјално загрозени семејства.

„И оваа година не ги забораваме дечињата од социјално загрозените семејства.вПодготвивме 300 пакетчиња направени со многу љубов и наполнети со многу чоколади“, пишува во Фејсбук објавата на соптвеничката на  „Светот на Колорес“, Билјана Караманолевска.

Оттаму велат „дечињата во нашата градинка „Светот на Колорес" ги учиме да даруваат, да бидат хумани и да научат дека сите деца се еднакви“.

 

„Затоа секое детенце донираше и донесе по неколку слатки“, пишува во објавата.

Донирањето ќе се одржи во текот на утрешниот ден (четврток) 13.04.2023 година, пред библиотеката на градинката Светот на Колорес. Донацијата е организирана во соработка со Хуманитарни акции во Македонија, а во донацијата учествуваат и Vitaminka и Total Post Logistic / Тотал Пост Логистик.


Статијата е прочитана 427 пати.

Сподели: