Ковачевски: Договорот со прехранбените компании беше џентлменски, казни се изрекуваат единствено согласно закон

Стопанските комори треба да кажат зошто компаниите од прехранбената индустрија не го испочитуваа договорот за субвенционираната струја и не ги намалија цените за најмалку десет отсто како што беше предвидено, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, санкции во однос на ова за компаниите нема, зашто сè било договорено џентлменски. Казни, потенцира Ковачевски, може да се изрекуваат единствено согласно закон или правна процедура и така ќе биде сега, ако не се почитуваат одлуките за замрзнатите цени.

„Договорот со компаниите беше џентлменски. Во таков, џентлменски договор одлучивме тие да добијат субвенционирана електрична енергија и за сметка на тоа да ги намалат цените за најмалку 10 отсто. Но, 15 отсто од нив тоа го направија, а најголемиот дел не и затоа се премина на замрзнување најпрво на цената на лебот, а потоа и на поевтинување и замрзнување на цените на тестенините и млечните производи, врз основа на детални анализи. Каква било санкција или мерка може да се преземе единствено согласно закон или процедура, а не волонтаристички, на лична основа. Значи, сега, ако некој не почитува, во однос на замрзнатите цени, постои законска основа“, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по настанот во Црвен крст.


Статијата е прочитана 184 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско