Поевтинуваат дизелот и моторниот бензин од 95 октани
Цената на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОДИЗЕЛ од вечерва на полноќ ќе се намалат за 2 денари, соопшти Регулаторна комисија.
ЕУРОСУПЕР-95 од вечерва на полноќ ќе се продава по цента од 81,5 денари по литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ по 75,5 денари по литар.
Цената на ЕУРОСУПЕР-98 останува непроменета, односно 85,5 денари по литар.
Останува иста и цената на екстра лесното масло од 76,5 денари, додека мазутот поевтинува за 1,9 денари и ќе изнесува 39,8 денари по литар.
Статијата е прочитана 288 пати.