Бектеши: Тестенините ќе поевтинат за најмалку 10 проценти, одлуки и за маслото за јадење и за млечните производи

Најверојатно до крајот на неделава ќе има одлука за цените на тестинините, за макароните и шпагетите, со минимално намалување од 10 проценти на постоечките цени, најави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

Министерот во гостување на ТВ 24 рече дека е убеден оти намалувањето ќе биде уште поголемо, а најави дека ќе следуваат и одлуки за маслото за јадење и за млечните производи.

Иако се очекуваше Владата утре нема да носи нови одлуки за замрзнување на цените на други прехранбени проозводи, по одлуката што беше донесена за лебот, бидејќи, како што објасни министерот се прават обемни анализи.

-Оние тестенини кои моментално се продаваат по 51 денар нема да бидат повеќе од 44 денари, а оние кои се по 60 денари нема да бидат повеќе од 52 денара. Значи ќе има големо намалување во тој дел, рече Бектеши.


Статијата е прочитана 220 пати.

Сподели: