Успешна промоција на македонските компании на саемот АГРО Белград 2023
Повеќе реномирани македонски компании, преработувачи на овошје, зеленчук и производители на вино се претставија на годинашниот Меѓународен саем АГРО Белград 2023. На македонскиот штанд што беше финасиски поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посетителите имаа можност да ги вкусат убавото македонско вино, традиционалниот македонски ајвар, но и другите изложени производи.
„Како Министерство, преку Програмата за рурален развој обезбедивме финасиска поддршка за учество и реализација на 50 домашни и 15 меѓународни манифестации за промоција на македонските земјоделски производи и пијалоци“, информираат од Министерството.
Министерот Љупчо Николовски и министерката за земјоделство на Србија, Танасковиќ упатија порака за уште позасилено темпо на меѓусебна собработка, гарантирајќи им на граѓаните во двете држави сигурна снабденост со храна.
Меѓународниот саем АГРО Белград претставува водечки сеам за производителте на овошје, зеленчук и вино во регионот, место каде се вмрежуваат реномирани домашни, регионални и светски копании и купувачи создавајќи нови контакти меѓусебе. На АГРО БелгрАД 2023 учествуваат околу 500 излагачи од регионот и светот меѓу кои има производители на свежо, замрзнато и преработено овошје, зеленчук и грозје, потоа земјоделски машини од популарни брендови, системи за наводнување, системи за градобијна заштита, расадници, семенски и хемиски компании како и други компании што ја покриваат областа на земјоделството.
О Министерството соопштуваат дека во рамки на Саемот има и конференциски дел кој оваа година опфати актуелни теми од областа на овоштарството, градинарството и лозарството. Една од главните теми на конференцискиот дел бeше справувањето со климатските промени и нивното влијание врз промените во производството на овошје и зеленчук.
Статијата е прочитана 481 пати.