Традиционален гала-оперски концерт во НОБ по повод Василица 2023

Традиционалниот гала-оперски концерт што веќе 25 години се одржува по повод празникот Василица ќе се одржи на 12 и 13 јануари (четврток и петок) со почеток во 20 часот во Националната опера и Балет. Овој пат љубителите на класичната музика ќе уживааат во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од Пучини, Верди, Џордано, Де Либ, Штраус Помладиот.

Под диригентската палка на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ и во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и Балет ќе настапат на нашите оперски уметници: Славица Петровска-Галиќ (сопран), Весна Ѓиновска-Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети-Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Ирена Кавкалевска (мецосопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Зоран Сотиров (тенор), Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Игор Дурловски (бас) и Александар Стефаноски (бас). Режисер на концертот е Дејан Прошев, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска.

Организаторот информира дека билетите се веќе пуштени во продажба на билетарницата на НОБ и онлајн.

 


Статијата е прочитана 384 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско