Бизнис вести

Годишен раст од 4,3 отсто на вкупните депозити и од 10,1 отсто на вкупната кредитна поддршка во октомври

понеделник, 21 ноември 2022

Годишен раст од 4,3 отсто на вкупните депозити и од 10,1 процент на вкупната кредитна поддршка во октомври 2022 година, објави Народната банка.

На годишна основа вкупните депозити бележат раст од 4,3 отсто, во поголем дел како резултат на растот на депозитите на домаќинствата.

На годишна основа вкупните кредити се зголемени за 10,1 отсто, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор.

Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на следниот линк https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2022/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2022_oktomvri_mk.pdf

 

Содржината е прочитана 34 пати.