Никола Смилков со самостојна изложба „Емоции“ во КИЦ
Утре, петок 4 ноември, во 20 часот во Културно информативниот центар во Скопје ќе биде отворена самостојната изложба „Емоции“ на македонскиот академски вајар Никола Смилков.
Љубителите на скулпторската уметност ќе имаат исклучителна можност да видат дел од богатиот уметнички опус на Смилков од кој на изложбата ќе бидат претставени 16 дела во галериски формат изработени во бронза и мермер.
Овие дела оваа година беа претставени во Модерна галерија во Будва, Црна Гора и во галеријата „Мештровиќ“ во Сплит, Хрватска. Изложбата во Будва беше дел од Гранд при наградата и прва награда за скулптура на Меѓународното биенале на акт во Петровац, Црна Гора. Додека во Сплит, пак, Смилков беше првиот Македонец што имал својата изложба насловена „Поглед кон небо“ каде 30 негови дела два месеца беа изложени во просторот во кој некогаш творел најпознатиот вајар на 20 век, Иван Мештровиќ,
Изложбата во Скопје ќе биде отворена до 12 ноември, сабота, а влезот е слободен.
Проф. д-р Никола Смилков е редовен професор по методика на ликовното образование и вајарство на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Статијата е прочитана 516 пати.