Разговор со уметникот Дриант Зенели во Чифте амам
Националната галерија на Република Северна Македонија на 30 август 2022 година со почеток во 18:00 часот, во објектот Чифте амам организира разговор со уметникот Дриант Зенели, по повод неговата тековна изложба „Трилогија: Под површината има уште една површина“. На настанот заинтересираната публика ќе има можност да се запознае со творечкиот развој на овој меѓународно афирмиран автор, со неговите уметнички концепти, интереси, истражувања и реализации.
Истовремено Зенели ќе зборува и за неговиот најнов филм снимен во Поштата во Скопје, дел од „Трилогијата: Животните: Си било некогаш... во денешно време“, насловен „Светулката продолжува да свети, змијата продолжува да расте“ (2022). Филмот е изведен во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија и Машинскиот факултет од Скопје. Филмот е нарачан од Манифеста 14, а продуциран од Фондацијата „Between Art Film“.
Статијата е прочитана 351 пати.