Бизнис вести

Агенција „Марили“ ги избра 20-те најуспешни жени менаџери за 2022 година

среда, 25 мај 2022

Прогласувањето и врачувањето на наградите ќе биде на 28 мај во Охрид

 

Вкупно 20 успешни менаџерки и бизнисменки се дел од годинашната манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“ која агенција „Марили“ традиционално веќе 26 години по ред ја организира како поддршка на жените и нивните заложби за водење успешен бизнис.

Овој пат, „Марили“ го прошири изборот надвор од нашата држава и од бројните успешни имиња што беа понудени, избра 20 најуспешни, од кои три се менаџерки од регионот. На најуспешните менаџерки ќе им бидат доделени статуетки „Жена водилка“, изработени по дизајн на македонскиот вајар Никола Смилков

Наградени ќе бидат

1 Анита Ангеловска-Бежоска, специјална награда за успешно водење на монетарната политика во државата во услови на криза

2 Филомена Пљаковска Аспровска, главен извршен директор на Интернационален Картичен Систем АД Скопје

3 Наташа Паунова Блажевска, генерален менаџер на „Л&Н&Т Диагностик“ - Скопје

4 Билјана Божиновска, генерален директор на ПЗУ Аптека „Анни фарм“

5 Ана Марија Вуковска, извршен директор на Property One Real Estate - Скопје

6 Татјана Узунова Георгиевска, генераен менаџер на „3Д проект студио“ - Скопје

7 Марина Данева, финансов менаџер на „Апаве СЕЕ“ – Скопје

8 Вилма Учета Дузлевска, генерален менаџер на Триглав Осигурување Живот АД Скопје - Скопје

9 Шемса Емшериев, генерален менаџер на „Еуростеп“ - Скопје

10 Татјана Коловчевска, управен директор на „Леорон“ – Дубаи

11 Даниела Ташевска Малева, генерален менаџер на „Еуроинг“ – Гевгелија

12 Даниела Перканоска, генерален менаџер на „Авто Контрол“ – Прилеп

13 Светлана Пљакоска, управител на „Олимпиа Mоторс“ и „Олимпиа Моторс Аутлет“ – Скопје

14 Марија Рангелова, менаџер на маркет во „Веро центар“ - Скопје

15 Весна Стојановска, генерален директор на КБ Прво пензиско друштво

16 Меланија Тодорова, носител на брендот „Кубус“ и менаџер на „ЦБС Проект“ - Скопје

17 Олгица Илоска – постхумно наградена за долгодишно успешно менаџирање со хотелот „Инекс Олгица“ и поддршка на жените во бизнисот

18 Слаѓана Петровиќ, автор на проект „НАЈжена и НАЈмушкарац 21.века“ - Белград, Србија

19 Едита Даутовиќ, сопственик на „Милениум“ - Подгорица и претседател на Здружение на претприемачи на Црна Гора

20 Гордана Николиќ, основач и декан на Висока бизнис школа ПАР – Риека, Хрватска

Изборот и оваа година е направен главно од приватниот сектор, од успешни компании од различни области и дејности. Притоа се почитувани препораките добиени од соработници и деловни партнери, но е почитувана и лината согласнот на менаџерките да бидат дел од овој избор.

Проширувањето на изборот на регионално ниво агенција „Марили“ го направи со цел да се обезбеди поголемо вмрежување, размена на идеи и искуства што ќе помоганат особено за надминување на актуелниот економски момент во кој се соочуваме со бројни кризи и предизвици, а исто така да се понуди и една поголема лепеза приказни за патот до успехот кои ќе бидат охрабрување на младите генерации жени да се впуштат во бизнис водите и да градат успешни бизнис приказни.

Како дневен настан, истиот ден на 28 мај, агенција „Марили“ организира Марили Бизнис Форум, кој, исто така има регионален карактер. На форумот насловен „Современа бизнис раскрсница“ преку четири панел сесии ќе се говори за воспоставување економски баланс во услови на турбулентна средина, за јакнење на капацитетите на индивидуата преку различни форми на личен менаџмент, ќе се согледа женското лидерство низ призмата на емоционалната интелигенција и ќе се даде фокус на грижата за менталното здравје и убавината. За сите овие аспекти ќе говорат претставници од државните институции, од академската фела и од реалниот сектор.

 

Содржината е прочитана 3804 пати.