Бизнис вести

Излезе од печат новото издание на Бизнис каталог на Р.С.Македонија 2022

четврток, 19 мај 2022

Излезе од печат најновото издание на Бизнис каталог на Р.С.Македонија 2022 во издание на агенција „Марили“.

Во каталогот на 174 страници ексклузивно се презентираат интервјуа и содржини посветени на економијата, бизнисот, културата и заштита на животната средина.

Во ова издание особено внимание е посветено на екологијата. Во таа смисла е и корицата на каталогот, како и воведниот текст со наслов „Еколошки чистите региони како потенцијал за развој на туризмот во нашата земја“.

Каталогот ги следи сите современи форми на промоција и презентација и електронски ќе биде поставен на порталот на агенција „Марили“ www.marili.com.mk каде севкупните содржини кои се на македонски и на англиски јазик ќе им бидат достапни на сите читатели и следбеници на проектите на „Марили“.

Печатеното издание на Бизнис каталог ќе биде присутно во амбасадите, конзулатите, ексклузивните хотели и во поголемите молови во Скопје.

Бизнис каталог на Р.С.Македонија останува најдобриот промотор на државата и придонесува за нејзиниот европски лик како туристичка, културна и бизнис дестинација што нуди можности за инвестиции и заемна комуникација на деловните субјекти од земјава и од светот.  

 

 

Содржината е прочитана 236 пати.