Изложба „ПРОЦУТ КОН ЖЕНСТВЕНОСТА, од колекцијата на Националната галерија“ по повод 8.Март

По повод Меѓународниот ден на жената 8. Март Националната галерија веќе петта година по ред организира тематска изложба посветена на овој ден со што им испраќа честитка на сите жени. Изложбата насловена „ПРОЦУТ КОН ЖЕНСТВЕНОСТА, од колекцијата на Националната галерија“  ќе биде поставена во просторот на Чифте амам од 3 до 15 март и отворена за јавноста за индивидуална посета, во согласност со протоколите.

Изложбата прикажува селектиран избор на македонски и странски автори кои претежно припаѓаат на првите генерации уметници, а ја обработуваат темата тесно поврзана со човечкиот животен циклус, односно фазите кои претходат во растењето и оформувањето на една жена се до зенитот на нејзината зрелост.

Изложбата брои околу четириесеттина дела од богатата збирка на Националната галерија -  цртежи, графики, слики, скулптури, фотографија, мозаици. Застапени се нашите автори од првите генерации: Димитар Андонов Папрадишки, Ѓорѓи Зографски, Никола Мартиноски, Димче Коцо, Димо Тодоровски, Љубомир Белогаски, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман, Димитар Кондовски, Ванчо Ѓорѓиев, Борка Аврамова, Катја Ефтимова, како и автори од Југословенската колекција: Петар Палавичини, Мирослав Краљевиќ, Златко Прица, Франце Краљ, Ристо Стијовиќ, Златко Латковиќ, Сретен Стојановиќ, Мирко Почуча, Андре Пате.

 


Статијата е прочитана 453 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско