Објавена детската книга „Три случаи на детективот Виксон Чудински“

Во издание на „Бата прес“ излезе од печат книгата за деца „Три случаи за детективот Виксон Чудински“ од познатиот италијански автор Лука Дониели. Илустрациите се на Никол Доналдсон, а преводот од италијански на македонски го направи Живко Гроздановски. Делото е објавено со поддршка на Секторот за евриоинтеграции на Министерството за култура и програмата Креативна Европа на Европската Унија.

Ова е уште една од десетте книги од десет различни европски јазици што „Бата прес“ ги објавува во минатата и оваа година во рамките на проектот „Отворени книги – отворени граници“.

Со извесна доза на хумор што наликува на британскиот, авторот случувањата ги сместува во Лондон, кој во книжевноста и во филмовите е познат по акциите на детективите.

Истрагите на детективите се толку банални, како да се невидливи. Но... Виксон Чудински е секојдневен детектив, толку секојдневен што никој не го гледа. Ова можеби изгледа како маана, но тоа е неговата најсилна страна: без да го видат тој може да реши многу случаи, особено оние каде што е инволвиран злобниот Милтон Бобит, човекот со глава во форма на круша...“. Ова е само еден цитат од најавата за содржината на книгата.

Писателот Лука Дониели е роден во 1956 година. Сега живее и работи во Милано. Добитник е на повеќе врвни книжевни награди во Италија, а за „Три случаи за детективот Виксон Чудински“ ја добил наградата „Стрега“ во 2019 година.

 

 


Статијата е прочитана 475 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско