Младата Теодора Пејиќ, мецосопран успешно ја заокружува 2021 година
Пејиќ, која е ученик во четврта година во ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“ во Скопје и учи соло-пеење во класата на професорката м-р. Александра Коцевска, деновиве освои прва награда за високи достигнувања во музичката уметност што ја доделува Фондацијата за развој на музичката култура и балетската уметност „Илија Николовски-Луј“
Младата и талентирана Теодора Пејиќ, мецосопран деновиве освои прва награда за високи достигнувања во музичката уметност која ја доделува Фондацијата за развој на музичката култура и балетската уметност „Илија Николовски-Луј“.
Со ова Пејиќ успешно ја заокружи 2021 година во која и покрај вонредните услови наметнати од пандемијата, таа имаше бројни настапи.
Теодора Пејиќ е ученик во четврта година во ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“ во Скопје и учи соло-пеење во класата на професорката м-р. Александра Коцевска. Со музика се занимава целиот свој живот, а за соло-пеење се одлучила кога се запишала во средното музичко училиште.
„Соло-пеењето го доживувам како целосно исполнување, а тоа значи дека уживам во пеењето и учењето и работата со проф. Коцевска, под чие водство имам освоено 20 први награди на меѓународни и државни натпревари по соло пеење, меѓу кои и Лауреат од прв степен на онлајн натпреварот ‘Летај со мене’ во Москва, Русија и на онлајн натпреварот ‘Liberta creativa’ во Италија“, вели Пејиќ.
Смета дека јавните настапи се многу важни за уметниците, па оттаму, покрај натпреварите и мастер-класите, музичката кариера таа ја надградува и со настапи на концерти.
Има настапувано неколку пати на сцените низ државата, со Македонската филхармонија на „Младите доаѓаат“ во Скопје, со гудачкиот камерен оркестар ,,Арко” во Скопје, настап на концертот посветен на „Деновите на Св. Мајка Тереза“ и како гостин на триото ИНТЕРМЕЦО во Кочани и Гостивар.
Последен пат пред некој ден настапи во Гевгелија на манифестацијата „Музички моменти“ како солист во пијано-придружба на Љубица Улиш, со која од оваа година редовно настапуваат како камерно дуо.
Теодора Пејиќ како ексклузивна гостинка со својот соло настап беше дел и од манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ во организација на агенција „Марили“ која годинава одбележа 25-годишен јубилеј
„Задоволството да се настапува пред публика е секогаш големо. Упатувам голема благодарам на Фондацијата за развој на музичката култура и балетската уметност ‘Илија Николовски-Луј’ што овој декември ми ја додели својата награда за високи достигнувања во музичката уметност“, вели Пејиќ и натаму работејќи неуморно и посветувајќи се на музиката и на соло-пеењето за успешно да го заокружи средното образование и својот музички пат да го продолжи за и во иднина да го освојува големите оперски сцени.
Статијата е прочитана 1425 пати.