Здравје и убавина

Влезете во новата година со Eve’s Garden висококвалитетен козметички бренд на Марина козметик лаб

вторник, 21 декември 2021

Марина козметик лаб создаде козметика со зголемени концентрации на активни состојки нутриенти, потентни екстракти во комбинација со напредните методи на козметички инжинеринг за нега на различни типови кожа

 

 

Влезете во новата година со Eve’s Garden, новиот козметички бренд на Марина козметик лаб. Новогодишните празници се одлична можност секој да направиме нешто убаво за себе, за своите блиски, но и за деловните соработници и клиенти и да им покаже дека вистински ги цени сите заеднички подвизи. За таа цел Eve’s Garden креираше уникатни сетови со внимателно одбрани производи во секој од нив, наменети за корпоративно дарување.

Eve’s Garden е нов и оригинален висококвалитетен козметички бренд на нашиот пазар, кој во својата програма нуди „high-performance“ козметички производи за нега на различни типови кожа.

Производите се изработени по врвни формули, со високи концентрации на активни состојки, нутриенти, потентни ектракти и сето тоа во комбинација со напредните методи на козметички инжинеринг. Како резултат на тоа, создадовме козметички производи кои спаѓат во генерацијата на т.н. performance козметика, која полека, но сигурно, заслужено го зазема местото на конвенционалната козметика, од причина што не нуди само естетска компонента туку и вистински делотворни козметички ефекти.

Сигурни во квалитетот на нашите производи се охрабривме да ја лансираме оваа козметичка линија дури и во време на пандемиско секојдневие кое наметна нови начини на живеење, но, сепак, кај секој од нас со изразена желба и потреба за правилна нега и здрав изглед.

Водени од фактот дека не секој скап козметички производ на пазарот е high-performance козметички производ и дека не секој high-performance козметички производ треба да е премногу скап, Марина козметик лаб создаде вискоквалитетна козметика со зголемени концентрации на активни состојки кои можат да бидат достапни за секој кој умее да ги препознае естетската и делотворната функција на Eve’s Garden козметичките препарати.

Сигурни сме дека сите посериозни комерцијални брендови, кои сакаат да остават впечаток кај своите партнери, деловни соработници или вработени, без сомнение ќе успеат да го остварат тоа со некој од брендираните корпоративни сетови на Eve’s Garden.