Отворен Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“
Вчеравечер во Национална галерија објект Мала станица во Скопје беше отворен Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ со ретроспективна изложба на илустрации за деца на Димитар Кондовски.
Поддршка на овој фестивал даде и сопругата на претседателот на Р.С. Македонија, Елизабета Ѓоргиевска Пендаровска која обраќајќи им се на присутните се осврна на творештвото на Кондовски чиј чудесен свет на бајките и на сликовниците е дел од неговата ликовна поетика вткаена во литературата на генерации и генерации деца.
Свое обраќање имаше и директорката на Националната галерија, Дита Старова Ќерими која истакна дека со задоволство е домаќин на фестивалот кој годинава се организира по втор пат.
Фестивалот ќе трае од 14 до 19 октомври и во него се организирани бројни креативни работилници за деца, дебата
„Како децата се запознаваат со предизвиците во животот преку литературата“, работилници за возрасни, за креативно пишување за деца на возраст од 9-12 години, работилница под отворено небо „Креирање книжевно дело од деца за деца“. На последниот ден ќе бидат доделени и литера награди.
Статијата е прочитана 865 пати.