Мони Дамевски е новиот директор на фестивалот „Браќа Манаки“

Симеон Мони Дамевски е новиот директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) едногласно го избра актерот Мони Дамевски за прв човек на овој реномиран фестивал на свеченото Собрание што се одржа во петокот се одржа во Скопје, во рамки на „Златна рамка 2021“.

Според статутот на ДФРМ, мандатот на Дамевски важи за следните две изданија на фестивалот „Браќа Манаки“.

Од Друштвото на флмски работници соопштија дека Мони Дамевски ја презентирал предлог-програмата на фестивалот и притоа се заложил дека ќе работи на зачувување на реномето што го има овој интернационален фестивал на филмска камера.

Инаку, Мони Дамевски е син на легендарнио македонски актер Дарко Дамевски. Има дипломирано актерство на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а магистрирал на Ратгерс на државниот факултет на Њу Џерси во САД, каде од 1990 до 1992 година бил и асистент по глума. Тој има остварено повеќе театарски и филмски улоги, а работел и како кастинг директор и продуцент. Неговата филмографија ги вклучува: споредна улога во Јазол во 1985 година, асистент н режија на филмот Пред дождот 1994, во 2000 во Игра со буквите (сценарио), главна улога во Остани исправен во 2005 година, во 2010 е продуцент на Војната заврши, потоа во 2013 главна улога во 409, исто главна улога во Црвената соба во 2016 и истата година главна улога во Cut Here.


Статијата е прочитана 804 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско