Вечерва се отвора „Скопско лето“

Вечерва свечено се отвора 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“.

Организаторите информираат дека на првиот ден на летото и на Светскиот ден на музиката „Fete de la Musique“ вечерва во 21 часот манифестацијата ќе биде отворена со операта без зборови насловена „Од оркестарот за публиката“, која ќе се одржи во Салонот на Националната опера и балет.

Диригенти се Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а режисер Трајко Јордановски. Настанот е во соработка со Националната опера и балет.

Учествува Оркестарот на Националната опера и балет, додека испициенти се Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ и Марко Павлевски.

Ќе се изведуваат дела од Маскањи, Мусоргски, Пучини, Чајковски, Гуно, Леонкавало, Белини, Верди.

Билетите се во ограничен број и ќесе продаваат по цена од 300 и 400 денари на билетарницата на НОБ и онлајн.

 


Статијата е прочитана 662 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско