Британската поетеса Керол Ен Дафи добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата

Британската поетеса и драматург Керол Ен Дафи е овогодинашна добитничка на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП), соопшти амбасадорката во Париз и претставник во УНЕСКО, Јадранка Чаушевска-Димов во текот на одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески.

Керол Ен Дафи, родена во Глазгов во 1955 година, е една од најзначајните современи поетеси во Велика Британија, авторка на педесетина книги и добитничка на значајни книжевни награди и високи одликувања, меѓу кои и почесните титули Дама-заповедник на Редот на Британската Империја (2015) и Поет-лауреат на Обединетото Кралство (2009-2019).

Наградата за дебитантска поетска книга доделена во соработка со УНЕСКО, „Мостови на Струга“, му припадна на Владан Кречковиќ, роден во Белград во 1988 година. Наградената книга „Париз,Тексас“, насловена според култниот филм на Вим Вендерс, на еден мошне суптилен и непретенциозен начин говори за љубовната разделба без патетика и нуди поинаква перспектива на оваа вечна тема.

 


Статијата е прочитана 629 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско