„тианДе“- Врвен бренд за убавина и здравје, синтеза на традиција и современа наука

Интервју со м-р Дафинка Ивановска, извршна менаџерка во „Ревитал козметикс“ Скопје, Рубинов директор во „тианДе“ и успешна адвокатка.  „тианДе“ и нивните беспрекорни производи се застапени на македонскиот пазар веќе 13 години, а „виновник“ за тоа е токму Ивановска. 

„Брендот има широк асортиман на производи, понудата опфаќа нега за лице, тело, коса, шампони, серуми, анти-акни, детоксикација на цело тело, нега против стареење, производи за женско и машко здравје и т.н. Посебно сме горди на влошките кои се направени по специјални рецепти усовршувани илјадници години, со многубројни билки, кои се дар од природата, а ги користат и жени и мажи и го подобруваат здравјето“, вели м-р Ивановска. 

🏆М-р Ивановска е една 30-те овогодишни лауреатки, добитничка на статуетка „Жена водилка“, наградена за долгогодишно, континуирано, успешно менаџирање и траен придонес кон македонската економија на 30-та јубилејна манифестација „Избор на Најуспешни жени менаџери“ 2026 година, која се одржа на 23 април 2026 година во Скопје, во организaција на агенција „Марили“.

МАРИЛИ: Од кога постои „Ревитал Козметикс“  и колку долго работите со брендот „тианДе“? Кои се основните карактеристики на брендот „тианДе“, за каква палета на производи станува збор и каде се наоѓаат примена?

М-Р ИВАНОВСКА: „Ревитал козметикс“ во Македонија постои повеќе од 13 години.  Застапени сме и на меѓународниот пазар поради уникатноста на производите. На мое задоволство, јас работам од основањето на овој ,,волшебен“ бренд, односно јас сум „виновникот“ за освојување на овие простори. Кога на себе ги пробав производите, со сигурност знаев дека ќе Ви се допаднат на сите Вас. ТианДе во превод значи „НЕБЕСНО СОВРШЕНСТВО“.  По користење на производите, навистина и чуството е такво: СОВРШЕНО! Основните карактеристики што го прават препознатлив ТианДе брендот  и што често се истакнува кога луѓето зборуваат за него се: синтеза на традиција и современа наука, односно 5.000 годишни рецепти од кинеската, тибетската и алтајската традиција со модерни технологии како што се нано-технологија, за да креира производи за нега на кожа, коса, тело. Производството е фокусирано на природини и биоактивни состојки, што содржат природни екстракти и формулите се замислени така да ја зачуваат максималната активност на природните состојки.

Брендот има широк асортиман на производи, понудата опфаќа нега за лице, тело, коса, шампони, серуми, анти-акни, детоксикација на цело тело, нега против стареење, производи за женско и машко здравје и т.н. Посебно сме горди на влошките кои се направени по специјални рецепти усовршувани илјадници години, со многубројни билки, кои се дар од природата, а ги користат и жени и мажи и го подобруваат здравјето. Со производите на ТианДе се постигнува хармонија - грижа не само за телото , туку и за благосостојба. А со сето тоа се зголемува енергијата и продуктивноста кај консументите. Се зголемува самодовербата. Тогаш луѓето се среќни. Брендот ТианДе носи ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА. Мотото е: ,,ЛЕСНО Е ДА СИ СРЕЌЕН“. За подетални информации можете да се обратите на веб сајтот www.tiande.eu.

Добродојден во нашиот ТИМ  е секој што има желба за успех.

МАРИЛИ: Колку екостандардите се присутни во производите на „тианДе“ и што е она што е специфично и ѝ дава европски лик на Вашата компанија?

М-Р ИВАНОВСКА: Компанијата го контролира процесот на производството, квалитетот и хигиената. Производството е според маѓународни стандарди ISO 9001 и GMP а тоа значи   20.000 пати испитување на секоја билка во составот на производите.

Производството е по европските стандарди, а брендот е застапен во 36 држави во светот, од кои највеќе во Европа. Билките од кои се добиваат екстрактите потекнуваат од еколошки чисти средини, берени од посебно обучени луѓе, во строго определено време според лунарниот календар, кога моќта на билката  е најголема.

Во ТианДе не се продаваат производи. Се продаваат резултати. Тие го менуваат менталитетот на луѓето, ја заштитуваат природата преку нивната употреба, не го токсицираат човекот и не ја загадуваат неговата околина.

Во 2014 ТианДе е призната од меѓународното еколошко движење TerraViva а во 2016 г.  има добиено меѓународна награда за околина - еко бренд, означена како GLOBAL ECO BRAND. Ревитал козметикс имаше акција за садење на дрва, има и своја шума во Општина Миладиновци.

МАРИЛИ: Колку долго сте на менаџерска позиција? Како менаџер во компанија која е успешна во континуитет и има значаен импакт во развојот на македонската економија, што сметате дека е клучно да се постигне тоа ниво?

М-Р ИВАНОВСКА: 13 години сум на менаџерската позиција. ТианДе е моето трето дете! Уживам во работата. Но сепак патот кон успехот бара јасно зацртани цели, одлично разработен план, добро дефинирана долгорочна стратегија.    Крајно сум благодарна на целокупниот мој ТИМ со кого имаме неизмерна соработка и разбирање. Без нив, јас немаше да бидам ова што сум денес. Праксата покажа дека многу е важно да имаме пет успешни луѓе во нашето опкружување што ќе комуницираме. Системот на обуки со 20% теорија, а 80% практика, се покажа дека е многу значајно.  

Македонската економија расте преку талентирани луѓе. ТианДе вложува во развој, обука и мотивација на целокупниот Тим. Добрата организациска култура е многу битна. Успехот денес зависи од способноста да се иновира преку онлајн продажби, обуки како да се постигне тоа, и да се биде чекор пред конкуренцијата.

Разновидната палета на производи за релексација, детоксикација, козметички производи кои кога ќе се појавите некаде, ви влеваат голема самодоверба, и сето тоа, со успех го пренесувате на конзументите. Тие го препознаваат тоа.

Нудењето на производ кој навистина му е потребен на клиентот , постигнува доверба. Тогаш вие, во неговите очи сте пријател а не продавач. Стабилноста на цените, постојаниот врвен квалитет на производите, исто така  создава голема доверба кај јавноста и создава долгорочни клиенти. Во мала економија како  македонската, репутацијата е особено важна.

МАРИЛИ: Како успешна жена менаџер, конзитентноста и континураната работа се неизбежни. Кои Ваши лична карактеристики Ве донесоа таму каде што сте денес?

М-Р ИВАНОВСКА: Би рекла дека здравјето, хармоничното семејство, дисциплината, добро организиран ден, класифицирање на приоритети и исполнување на дневно зацртаниот план се основата за стабилен личен раст.

Овие навики ги имам уште од дете. Додека не ги завршевме сите дневно планирани задачи, мајка ми велеше: ,,нема спиење“. Утре друга работа нѐ чека. И така секој ден. Внатрешната желба за напредок, за истакнување, потекнува од училишните клупи. Во училиште се натпреварувавме со знаење кој ќе биде прв во сѐ.

Постојаната едукација, читање на книги од сите жанрови, вложување во знаење, сеопфатна анализа на секоја ситуација, емоцијалната интелигенција, сето тоа се силни адути на една жена лидер. Да бидеш како КВАНТЕН КОМПЈУТЕР! Истовремено да ги анализираш сите патишта, сите солуции. Упорноста и храброста се многу битна карактеристика која помага да се издржат стресните периоди, мудро да се надминуваат препреките. Треба да знаеш да пливаш со ајкулите. Патот до успехот е полн со препреки.

Ако лесно се откажуваме, нема до никаде да стигнеме. Самодовербата  е двигател кој ме бодри дека со труд и упорност се ќе успеам. На тој начин стануваме автентични и свои. Јас во ништо не сакам да ги копирам другите. Почитувањето на членовите на тимот придонесува од нив да се извлече најдоброто, а со тоа имаме взаемна соработка и одлични резултати. Успехот е маратон. Хармонијата и разбирањето со семејството се двигатели кои носат заеднички успех. Производите на тианДе ми даваат голема енергија, која доаѓа од детоксикацијата на организмот, како и користењето на екопроизводите кои придонесуваат за цист организам. ТианДе ми го смени животот, ми даде голема енергија, многу пријателства, лична и професионална едукација преку семинари, конгреси. Патувањето ми го разубавеа животот, тие се чекор за освојување на светот.

МАРИЛИ: Според Вас, каков удел во подобрување на женското лидерство, менаџерство и претприемаштво имаше  манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ која се одржува веќе 30 години?

М-Р ИВАНОВСКА: Манифестацијата ,, Избор на најуспешни жени менаџери,, има значајно влијание врз подобрување на женското лидерство, и придонесуваат за битни општествени и економски промени, и поттик за развој   за сите останати жени, да отворат свој бизнис, а посебно на младите генерации. Јавните промоции ја зголемуваат видливоста и истакнатоста на жените во бизнисот. Одсекогаш имало успешни жени, но без промоција и јавни настапи нивниот труд паѓа во сенка. Тоа е исто како да имате најубави производи од палетата на ТианДе, но ако тие јавно не се промовираат и за нив не дознае широката популација, нивното постоење е невидливо, нивниот квалитет не може да се искористи и нивното постоење нема значење.

Така е и со манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“. Манифестациите ги менуваат перцепциите во општеството и во претприемачката култура. Признанијата ја зголемуваат самодовербата и делуваат охрабрувачки. Лидерските способности избиваат на врвот на општеството и добиваат морална и лична сатисфакција. Убаво е чуството кога некој ќе ве сретне и ќе ви рече: Вие сте ми инспирација, идол, се гордеам што ве познавам, вие сте жена за пример и т. н. Но сепак би потенцирала дека „ЗДРАВОТО СЕМЕЈСТВО Е ТЕМЕЛОТ ЗА УСПЕХ“! МУ БЛАГОДАРАМ НА МОЕТО НАЈСАКАНО СЕМЕЈСТВО!


Статијата е прочитана 204 пати.

Сподели:


Видео: 30 години Агенција Марили

30 години јубилеј на агенција „Марили“

kb

oxxete