Endurance Mindset® – Лидерство под притисок со Alexandra Panayotou во организација на М6 Едукативен Центар

На 12 март 2026 година (четврток), во малата сала на Македонската филхармонија, М6 Едукативен Центар организира ексклузивен тренинг и настан со меѓународно признатата експертка за лидерство, TEDx говорник и стратегиски советник, Alexandra Panayotou  на тема „Менталитетот на издржливост за отпорност, енергија и храбри одлуки“

Во време на постојана неизвесност, брзи промени и зголемен притисок, вистинското лидерство не се мери само со резултати – туку со способноста да се остане стабилен, фокусиран и храбар кога одлуките се најтешки.

Токму тоа е суштината на концептот Endurance Mindset® – пристап кој ги обединува психологијата, филозофијата и практичните стратегии за управување со притисок, енергија и комплексност.

На овој уникатен настан во живо, учесниците ќе научат:

●       Како да изградат издржливост под притисок

●       Како стратешки да управуваат со сопствената енергија

●       Како да носат тешки одлуки со јасност и самодоверба

●       Како да постават принципи и граници кои ги штитат нивните стандарди

●       Како да се соочат со стравот и сепак да продолжат напред

Овој настан е особено релевантен за лидери, менаџери и професионалци кои се движат низ светот на високи очекувања и одговорности.

Кога светот не нуди сигурност, најважно е да ја изградиме силата во себе.

М6 Едукативен Центар, во рамки на својата мисија за трансформација на индивидуи и организации, продолжува да носи врвни светски експерти со цел развој на отпорно, одговорно и визионерско лидерство во Македонија и регионот.

Оваа активност е ко-финансисана од М6 Едукативен центар и Владата на Швајцарија преку швајцарскиот проект „Образование за вработување“ – Е4Е@mk, имплементиран од Хелветас.

АГЕНДА НА НАСТАНОТ

09:00 – 09:30 | Регистрација
09:30 – 09:45 | Воведно обраќање
09:45 – 10:15 | Вовед во темата
10:15 – 12:00 | Сесија 1 – Alexandra Panayotou
12:00 – 12:30 | Кафе пауза
12:30 – 13:30 | Сесија 2 – Alexandra Panayotou
13:30 – 14:30 | Fireside Chat + Q&A
14:30 – 15:30 | Networking

Напомена: Настанот ќе се одвива целосно на англиски јазик.

 ✨ Специјална понуда – Месец на жената

Специјална цена: 6.200 денари за сите кои ќе се пријават до 09.03.2026
Бројот на места е ограничен.

Повеќе информации и регистрација:
🌐 https://m6.edu.mk/the-endurance-mindset-for-sustainable-leadership-under-pressure/
📩 info@m6.edu.mk


Статијата е прочитана 54 пати.

Сподели:


oxxete