Теона, Лабина и Вук Митевски на отворањето на ИФФК „Манаки“ го посветија филмот „Мајка“ на својот татко кој починал додека се снимал филмот

Филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митервска во саботата го отвори ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Сестрите Теона и Лабина Митевски, едната режисерка, а другата продуцентка на филмотго посветија филмот на нивниот починат татко, пренесува СДК.мк

„Солзи ми течат зашто во првата недела од снимањето почина нашиот татко. А, такво е снимањето филмови. Филмот е животот и ние моравме да продолжиме да снимаме. Кога се потсетуваме на снимањето, сите спомени се поврзани со нашиот татко, кој беше прекрасен човек, сликар и да не беше тој, ни ние немаше да бидеме овде“, рече Теона Стругар Митевска на прес-конференцијата во Битола.
 
Филмот, кој имаше светска премиера на Венецискиот филмски фестивал, раскажува седум дена од животот на Мајка Тереза во 1948 година во Индија, со сите душевни премрежиња што ги имала додека чекала одобрение од Ватикан да го напушти манастирот и да основа нов ред. Во него е прикажана и битката на жената помеѓу слободниот и животот посветен на Бога.

„Прво сакавме дома да го снимаме, цела Македонија ја поминавме и не можевме да најдеме локација. Ни најдоа дворец во Белгија. Голем предизвик беше да направиме еден огромен простор да наликува на 1948 година. Во Индија снимавме на вистинските локации, кои можеби беа најтешки за снимање, со огромна фреквенција на движење“, рече Вук Митевски.

Извор: СДК.мк


Статијата е прочитана 89 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско