„Златна арена“ за Никола Ристановски на фестивалот во Пула

На пр­ве­не­цот на Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар, Ни­ко­ла Ри­ста­нов­ски, на пре­стиж­ни­от Филм­ски фе­сти­вал во Пу­ла му бе­ше вра­че­на пре­стиж­на­та на­гра­да „Злат­на аре­на“ за спо­ред­на ма­шка уло­га во фил­мот „Ме­ѓу бо­го­ви­те“ во ре­жи­ја на Вук Ршу­мо­виќ. За исти­от филм со „Злат­на аре­на“ за глав­на жен­ска уло­га се за­ки­ти и не­го­ва­та парт­нер­ка во фил­мот, Фе­ре­штех Хо­се­и­ни.

Ка­ко што из­ја­ви Ри­ста­нов­ски за вре­ме на ра­бо­та­та на фил­мот, сце­на­ри­о­то на Ршу­мо­виќ е пре­крас­но, а ра­бо­та­та на не­го би­ла спе­ци­фич­на, и по­крај тоа што му би­ле да­де­ни 40 де­на за да се под­го­тви. Ку­ри­о­зи­тет е што во фил­мот на­ши­от актер збо­ру­ва на фар­си (пер­си­ски), за што иск­лу­чи­тел­но на­пор­но се под­го­тву­вал, би­деј­ќи во фил­мот игра пре­ве­ду­вач за бе­гал­ци­те од Исто­кот.

Големата Златна арена за најдобар филм, во главната конкуренција за хрватски филм, ја доби  „Миротворец“ на Иван Рамљак.

Премиерата на „Ме­ѓу бо­го­ви­те“ беше лани на Филмскиот фестивал во Сараево. Во Македонија, ќе игра на 4. издание на Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“ од 7 до 12 август во Дојран.

Фото: Pula Film Festival


Статијата е прочитана 74 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско