Почнува манифестацијата „Ритамот на чаршијата“ во Старата скопска чаршија

Во Старата скопска чаршија од денеска до четврток, 19 јуни, во организација на ЈУ Детски културен центар – Карпош со поддршка на Град Скопје по втор пат ќе се одржи манифестација „Ритамот на чаршијата“.

Старата скопска чаршија е најголемата чаршија на Балканот која претставува заштитен национален симбол и една од најголемите атракции на Скопје. Целта на „Ритамот на чаршијата“ е да ја заживее чаршијата од еден поинаквов агол, во духот на ритамот, велат организаторите.

-Чаршијата плени со мали дуќанчиња, занаетчиски објекти, верски објекти, чајџилници, ресторани, музеи и амами кои се само дел од обликуваноста на просторот и времето од убавината на Старата чаршија во Скопје и затоа таа е една која што е меѓу најпосетуваните локации од страна на туристите и локалните жители. Самата прошетка низ нејзините калдрмени улици е магија преку која овде сè уште може да се почувствува минатото – духот на градот. Чаршијата сѐ уште живее во духот на традицијата, во себе криејќи приказни за едно минато кое и денес оставило белег, велат од Детскиот културен центар – Карпош.

 

Оваа година ќе се популаризираат објектите Сули Ан и Музеј на македонската борба.

Публиката вечер со почеток во 19:00 часот во Сули Ан ќе го почуствува ритамот на чаршијата преку чалгиската музика на Тимчо Чичаковски-трио, а в четврток во 19 часот со свој концерт на пијано ќе се претстави Јован Станковиќ, млад талентиран ученик во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во класата на проф. Весна Ангелова Христов. Гости на концертот се Матеј Петковски и Никола Соколовски на кларинет. Влезот е слободен.


Статијата е прочитана 68 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско