Лилјана Стоилковска ќе ја одигра монодрамата „Љуба“ на Ката Мисиркова – Руменова пред охридската публика

На 14.03.2025 година, во Големата сала на на Општина Охрид со почеток од 12 часот, охриѓани ќе може да ја проследат изведбата на монодрамата „Љуба” од македонската авторка Ката Мисиркова- Руменова, во актерска реализација на Лилјана Стоилковска. А. Влезот е бесплатен.

Монодрамата премиерно се одигра во Скопје, а потоа следуваше и гостување во Кавадарци.

Лилјана Стоилковска е харизматична примадона на македонското радио водителство во пензија, позната спикерка, рецитаторка, актерка, музичка интерпретаторка, поетеса, писателка, член на Друштво на писатели на Македонија, организаторк и  културен амбасадор на Македонија во Шведска.

Наградена е и со Орден за заслуги за Македонија, Повелба доделена од поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, а добитничка е и на наградите „Иселеничката грамота од Матицата на иселениците на Македонија”,  „Стојан Христов” од Агенцијата за иселеништво и учеството на СВП на манифестацијата „Мостови”, и многу други награди.


Статијата е прочитана 105 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско