ИФФК „Браќа Манаки“ по 45-ти пат од 21 до 27 септември во Битола

Четириест и петтото издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ започнува на 21 -ви и ќе трае до 27-ми септември во Битола. Како фестивал на мајсторите на кинематографијата, Интернационалниот фестивал на филмската камера, „Браќа Манаки“ е првиот и најстар фестивал во светот посветен на креативноста на кинематограферите, основан во 1979 година. Овој фестивал е сведоштво на уметноста на кинематограферите, славејќи го наследството на браќата Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964) Манаки, инспиративните фигури зад неговото основање.

На фестивалот се очекува да пристигнат 17 врвни мајстори на филмската камера кои за своите дела добиле бројни награди од најпрестижните филмски фестивали и асоцијации.

Во седумте фестивалски дена, публиката ќе ужива во 65 исклучителни филмски остварувања. Фестивалот го отвора филмот „Партенобе“ на прославениот Паоло Сорентино, кој беше хит на последниот Кански фестивал сниман од Дарија Д. Антонио, претседателка на жирито на „Манаки“ од пред две години.

Фестивалот ќе биде затворен со македонската премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оравчанец

Oрганизаторите на 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ги претставија членовите на жирито во различните селекции на фестивалот. Жири на официјална селекција „Камера 300“е во состав: Џон Сил, претседател на жирито, австралијански кинематографер, Ањес Годар, француска кинематограферка Џевахир Шахин, турски кинематографер Биргит Гудјонсдотир, исландска кинематограферка и Владимир Блажевски, македонски режисер и сценарист.

Жири на европска lo-cap програма и документарната програма Куршат Уресин e во состав – претседател на жирито, турски кинематограферЈани Петери Паси, фински кинематографер и Нурија Ролдос, шпанска кинематограферка.
Жири на кратката и студентска програма е Ненси Шрајбер како претседателка на жирито, американска кинематограферка Уна Менгес, британска кинематограферка и Ѓорѓи Клинчаров, македонски кинематографер.

 


Статијата е прочитана 160 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско