Успехот често е хемиска реакција помеѓу добрата можност и вистинската намера
Интервју со генералната менаџерка на „Л&Н&T Диагностик“- Скопје, Наташа Паунова Блажевска во коешто зборува за компанијата којашто речиси 18 години успешно опстојува на македонскиот пазар, а преку својата квалитетна работа и стручен тим, расте и напредува и во бурни времиња и кризи. Компанијата работи со најреномирана медицинска опрема и помагала и ги носи во државата најсовремените производи од врвни производители, со една цел, решавање на проблемите на обичниот граѓанин. Како новитет во работењето, Паунова Блажевска го издвојува третманот број 1 во светот, третман со егзозоми, иновација во регенеративна и естетска медицина.
МАРИЛИ: Л&Н&T Диагностик успешно опстојува речиси две децении на пазарот. Што значи да се работи со најреномирана медицинска опрема и помагала од светски произведители? Како се одржувате на пазарот?
ПАУНОВА БЛАЖЕВСКА: Л&Н&T Диагностик во 2024 година навршува 18 години од своето постоење на нашиот пазар. Се бориме, растеме и напредуваме во многу тежок период на медицинска, енергетска криза и воени конфликти; но нема назад, наша е само правата нагорна линија.
Среќни сме што на нашиот пазар донесовме производители кои се лидери во нивното поле на интерес. Довербата е заемна, бидејќи соработката е долгорочна и цврста. Како менаџер, треба да го почувствуваш вистинскиот момент за инвестиција во одредена фирма и производ.
Тоа се постигнува само со следење на светските медицински достигнувања кои се реферираат на конгреси, саеми, во медицински списанија и следење на социјалните мрежи и портали, земајќи ги предвид проблемите и бенифитите кои ги има обичниот граѓанин – пациент, каде било во светот.
МАРИЛИ: Технолошкиот развој на медицинската опрема е многу брз и бара постојано следење на трендовите. Наведете кои се последните светски саеми и конгреси на коишто сте присуствувале или учествувале? Какви новини можат да се донесат оттаму?
ПАУНОВА БЛАЖЕВСКА: Нашата работа бара секојдневно следење на трендовите. Секогаш настојуваме да присуствуваме на работилници, обуки, семинари, конгреси, во спротивно ги следиме истите онлајн, сè со цел да сме во тек со новитетите.
Исто така, и испраќаме доктори од нашата област во Турција на обука, со што се здобиваат со сертификат од производителот за да може да ги аплицираат неговите производи на нашата територија. Годинава ја почнавме со IMCAS Светски конгрес по дерматологија, естетика и пластична хирургија. Имавме обука во приватната клиника Clinique des Champs Elysees, посета на саемот за медицина MEDILAB MIDLLE EST 2024 итн.
Голема чест и задоволство ми е што учам од најдобрите и со задоволство го пренесувам знаењето.
Како новитети би ги издвоила третманот број 1 во светот, третман со егзозоми, иновација во регенеративна и естетска медицина, преставена преку EXOMINE регенеративен автологен кит, производство на светскиот бренд T-LAB –од Турција и TDM - следење на количеството на терапевтски лекови коишто се користат при лечење автоимуни болести и при онколошки заболувања, производство на светски познатата фирма Boditech од Кореја.
МАРИЛИ:Дали планирате проширување на дејноста во опремување со апарати и друга опрема во областите на дерматологијата, естетиката и клиничките лаборатории?
ПАУНОВА БЛАЖЕВСКА: Оваа година веќе е исполнета со многу обврски и предзвици за нас како фирма. Имаме многу инсталации на нови апарати во приватните и во државните лаборатории на територијата на Северна Македонија.
Планираме промоција и работилница за третманот број 1 во светот, иновацијата во регенеративната и естетската медицина егзозомите, со професори, експерти од Турција и од производителот.
Ќе се обидеме да ги објасниме и да ги доближиме до нашите доктори кои ќе бидат заинтересирани.
Многу е важно да напоменам дека при употреба на егзозомите особено важен е квалитетот и потеклото на истите. До сега на светските пазари се користеа егзозоми од матични клетки на растенија (најчесто ружа) и егзозоми од матични клетки од хумано потекло (кои најчесто се забранети за користење ). Ние ќе понудиме егзозоми од сопствена крв – автологни кои се најбезбедни и се во најголем број.
Исто така, ќе инсталираме во клиничка лабораторија апарат за испитување на ТДМ-тестови, со кои се овозможува да се следи концентрацијата на повеќе типови лекови кои се користат при лекување на автоимуни заболувања, реуматидни заболувања, онколошки заболувања.
МАРИЛИ: Вие сте една од најуспешните жени менаџери во нашата земја. Колку соработката и заемната поддршка меѓу жените се важни за напредок на жената во општетството, воопшто?
ПАУНОВА БЛАЖЕВСКА: Ние, ,,Марили’’ жените се поддржуваме и си помагаме на сите полиња, особено во секторите во кои работиме.
Само со поддршка и со заемна почит ќе опстанеме и ќе изигнеме, знаејќи дека во 2023 година, жени на лидерски позиции на мали и на средни препријатија се само 19%.
Сакам да напоменам дека, според мене, мислењето дека успехот ги расипува луѓето правејќи ги суетни, себични и самозадоволни е погрешно.
Напротив, во повеќето случаи, успехот ги прави скромни, толерантни и љубезни.
Неуспехот е оној кој ги прави тешки, огорчени и свирепи.
МАРИЛИ: Што ја „води“ Наташа Паунова Блажевска низ животот и што ја опушта во слободното време?
ПАУНОВА БЛАЖЕВСКА: Тајната на успехот во животот не е во тоа да се работи тоа што се сака, туку да се сака тоа што се работи.
Иако обврските кои ги имам како менаџер, мајка и жена заземаат многу од моето време, па понекогаш знае да ми фали уште 1 час од 24 часовен ден за да завршам сè, сепак времето за себе ми е драгоцено. Може некогаш е кратко, некогаш е подолго, но секогаш добро организирано и квалитетно поминато. Безрезервната поддршка и помош која ја добивам од моите деца е најважна за мене, за полнење на моите батерии и за мојот успех.
Слободното време е прво наменето за патување низ светот со моите деца, кои се моите најдобри другари и критичари и секогаш ме придружуваат и поддржуваат.
Во слободното време гледам да сум опкружена со позитивни луѓе, пријатели со кои имаме исто поле на интерес, без калкулација за некаква корист, посета на театар или некој ресторан во опуштена атмосфера, а домашната топла атмосфера секогаш е со добар фили или книга, или со миленикот.
,,Пробај да не бидеш успешен човек, туку човек од вредност’’- рекол Алберт Ајнштајн.
Статијата е прочитана 6707 пати.