Игор Стефановски - Иџе и официјално го доби пехарот за Европскиот шампионат на ридски патеки

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе синоќа на официјална гала вечер во Брага, Португалија го доби пехарот за освоената титула во Европскиот шампионат на ридски патеки на ФИА (Интернационалната автомобилистичка федерација).

Изминатата сезона Иџе буквално доминираше во натпреварување и на вкупно девет трки успеа да слави седум пати и два пати да финишира како втор. Пехарот официјално го доби синоќа на гала-вечерта во Брага, што за него е трет во кариерата.

Македонецот славеше во оваа конкурнција и во 2014 и 2015 година, а изминатите неколку сезони се натпреваруваше на кружни трки во ТЦР Европа и ТЦР Италија.


Статијата е прочитана 823 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско