Две изложби во МКЦ во рамки на Бела Ноќ 2023

Во рамките на настанот Бела Ноќ 2023, во ЈУ Младински културен центар ќе бидат отворени две ликовни изложби со наслов „MALEFICIUM VISÜA“, на уметникот под псевдонимот NCHRONAX и изложбата „TO EXCITER”, на уметникот Лука Кекиќ.

„MALEFICIUM VISÜA“ Акт I претставува краток визуелен приказ, фузија на 3Д анимација и филм. Инсталацијата се занимава со создавање на нов свет и експлорација на научно фантастичните опкружувања во универзумот на NCHRONAX. Уметникот под псевдонимот NCHRONAX е роден во Скопје, 2002. Тој е визуелен артист кој ја проучува тематиката на научната фантастика. Во неговите творештва тој вметнува елементи од разни уметнички периоди низ историјата. Претежно прави фузија на научната фантастика и ренесансата, давајќи неконвенционален изглед и визуелна провокативност на неговите дела“, информираат од МКЦ.

„TO EXCITER“ е проект на дигитална фотографија од Лука Кекиќ, кој ја симболизира неговата потреба за нова перспектива и неговото истражување на актуелниот свет. Изложбата е составена од фотографии чии визуелен стил е концентриран околу улична фотографија и флорална фотографија, во негативни и термички ефекти.

Лука Кекиќ е 22-годишен аматер фотограф и љубител на визуелните уметности. Неговиот визуелен стил се развива додека црпи инспирација од неразвиениот аналоген филм во негатив. Тој го развива својот визуелно невообичаен стил на фотографирање, инкорпорирајќи негативни и термички ефекти во неговата работа. Кекиќ досега имал три индивидуални изложби на дигитална фотографија.

Изложбата е дел од програмата Бела Ноќ. Отворањето е закажано на 30 септември (сабота) во 20 часот во Галеријата 2 на МКЦ. Настанот е дел од програмата „Скопје – Европска престолнина на културата” 2028. 


Статијата е прочитана 433 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско