Промоција и разговор со словенечкиот писател Драго Јанчар

Издавачката куќа „Арс Ламина“, вечер (19.00) во книжарницата „Литература.мк“ на улица „Македонија“, организира промотивен разговор со словенечкиот писател Драго Јанчар кој деновиве ќе престојува во Скопје, во рамките на Меѓународниот книжевен фестивал „Про-за Балкан“.

Како што информираат од „Арс Ламина“, промотивниот разговор со Јанчар ќе се однесува на романите „Таа ноќ ја видов“ и „И љубовта“, кои се објавени на македонски јазик под импринтот „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Драго Јанчар, роден 1948 година е еден од најпознатите современи словенечки писатели, гласен политички критичар и граѓански активист. Неговите дела добиваат престижни награди, како: наградата „Прешерн“, наградата „Кресник“ – за најдобар роман на годината, наградата „Хердер“, Европската награда за литература. Неговиот драмски текст „Големиот брилијантен валцер“ е поставен во Македонскиот народен театар во Скопје (1986) и во Народниот театар во Прилеп (1990). Од 1995 година е член на Словенечката академија на науките и уметностите.


Статијата е прочитана 314 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско