„Леjди Магбет“ на Рисимкин на „Верона Шекспир Фринге“ фестивал

Во изведба на Скопје танцовиот театар, на сцената на театарот „Камплој“ во Верона, на 29 август, како дел од програмата на „Верона Шекспир Фринге“ фестивалот беше изведена претставата „Лејди Магбет“ на Рисима Рисимкин.

 

На сцената настапија: Анастасија Данчевска, како Лејди Магбет, Дејан Битровски, како Магбет, Бобан Русески, како Алтер его на Лејди Магбет, Сара Цветковска, како Алтер его на Магбет, танчери на Скопје танцовиот театар и Викторија Коцева, Стефани Шааршмит, Клара Христовска и Јоана Благадуша, студенти не Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев’ кои преку проектот „УГД – Чекор кон светот“ се дел од претставата. Компанијта доби понуди за идни соработки, а можности се отворија и за соработка помеѓу универзитетот „Гоце Делчев“ и Универзитетот на Верона.

„Многу сме среќни од приемот и од одушевеноста која публиката ја покажа по изведбата на претставата. Драго ми е дека Скопје танцовиот театар повторно воспоставува мостови, ја презентира нашата земја на највисоко ниво и покажува извонредност во уметничките дострели. Сите танчери имаа брилијантност во изведбата, со голема посветеност кон својата професија и покажаа голем квалитет како уметници. Се радувам на идните можности и соработки“, изјави Рисима Рисимкин. 


Статијата е прочитана 343 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско