Почнува Галичник филм фестивал

Под мотото „Вдишете ја магијата на филмот“ вечер почнува четвртото издание на Галичник филм фестивалот, што ќе трае до недела, 6 август. Свеченото отворање на фестивалот е вечер, во 19.

45 часот, во стариот амфитеатар на Упија. Овој викенд ќе бидат прикажани краткометражни филмови од целиот свет.

Годинашната официјална селекција ја сочинуваат 33 краткометражни филмови од категориите на играни краткометражни филмови, документарни краткометражни филмови и анимирани краткометражни филмови, кои веќе учествуваа на најпрестижните светски филмски фестивали како Канскиот филмски фестивал, Берлинале, Санденс, Сараевскиот филмски фестивал, Клермонт-Феранд фестивалот на кратки филмови и др.

Покрај филмската програма, Галичник филм фестивал содржи и едукативен дел во кој ќе се одржат работилници со Дејан Дуковски, кој ќе ја предводи Балканската сценаристичка работилница, а Андреј Волкашин ќе одржи Мастер клас за развој на серии.

Жири-комисијата, која ќе одлучува за натпреварувачкиот дел од фестивалот, е составена од актерот Сашко Коцев, продуцентката Елена Станишева и режисерот Георги Унковски.

Затворањето на фестивалот е резервирано за прикажување на ревијалниот долгометражен филм „Нешто слатко“, со Јелена Јованова и Сашко Коцев во главните улоги, по што платото на Упија ќе биде центар на забавата – музика, вино, дружби и филмски дискусии.

Галичник филм фестивал е поддржан од Агенцијата на филм, а реализиран од Дарма филм и Месната заедница Галичник.


Статијата е прочитана 340 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско