Меѓународен Саем на туризам во Нови Сад, Србија од 30 ноември до 02 декември 2023 година 

Од 30 ноември до 02 декември во Нови Сад се одржува 54 меѓународен саем на Туризам. По тој повод во име на Новосадскиот саем на туризам, Сојузот на стопански комори ве поканува да земете учество на саемот кој е одлична можност за квалитетна презентација пред голем круг на професионалци и најширока публика фокусирана на туризмот и активностите во функција на туризмот. Исто така, веруваме дека, според концептот на настанот што  се организира, од 30 ноември до 2 декември ќе постигнете добри деловни резултати во пресрет на претстојната зимска туристичка сезона, но и рани резервации на летните аранжмани, како и други специфични видови туризам, промотивни и деловни активности.

Додадена вредност за сите учесници и посетители оваа година ќе биде веќе признатиот квалитет на Програмата за домаќини на купувачи, B2B состаноци, вработување и развој на кариера во туризмот, кои веќе неколку години ги организираме на Меѓународниот саем за туризам.

Сите ваши предлози, идеи, иницијативи, потреби - нови идеи за нови искуства можете да ги испратите на turizam@sajam.net. 

За подетални информации и можности на саемот можете да погледнете повеќе на следниот линк: https://www.sajam.net/sr/kalendar-2023/jesen/54-medjunarodni...


Статијата е прочитана 983 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско