Симон Трпчески со МАКЕДОНИСИМО на 1-ви јули на „Д Фестивал“
Се наближува денот кога Главната бина на Д ФЕСТИВАЛ ќе блесне во досега невидено издание благодарение на најуспешниот македонски пијанист на сите времиња во светски рамки - Simon Trpčeski заедно со МАКЕДОНИСИМО, пишува на Фејсбук страницата на Д Фестивал.
Д Фестивал ќе ги отвори своите порти за сите кои ќе сакаат да го проследат овој проект во сабота, 1 јули:
Паркинг „Гранит“, Стар Дојран
БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ
Врати: 18:00 часот
Почеток: 19:00 часот
„МАКЕДОНИСИМО е спој од неверојатни ритми и прогонувачки мелодии на македонската народна музичка традиција со високо виртуозни рифови и хармонии под влијание на џезот, а овој уникатен звук му е посветен на народот, прикажувајќи ја моќта на традиционалната музика, нејзиното влијание и спомените што ги носи со себе. Таа традиција е знак на заедништво, која преку МАКЕДОНИСИМО на посебен начин се пренесува и на новите генерации“; пишува на Фејсбук страницата на „Д Фестивал“.
Статијата е прочитана 290 пати.