„Жанета Естетик“ - подгответе ги кожата, лицето и телото во пресрет на летото

Козметичко – фризерскиот салон „Жанета Естетик“ со докажан квалитет и 32-годишно постоење е вклучен во образовниот процес. Мастер едукаторот и генерална менаџерка Жанета Џафер е учесник во образовниот процес како ментор на ученици - средношколци од средното училиште на Град Скопје, СУГС „Димитар Влахов".
Со имплементација на дуалниот систем во средното техничко образование, г-ѓа Жанета Џафер учествува во едукација и обука на учениците - средношколци од училиштето „Димитар Влахов".
Таа учествува како почесен член на испитна комисија за завршен испит за квалификација - естетичар за нега на раце и нозе во училиштето, со што уште еднаш придонесе за подобрување на квалитетот на образовниот кадар кој излегува од училиштето, а е важен фактор на пазарот на трудот.
Покрај тоа што успешно работи и едуцира над три децении, „Жанета Естетик“ директно го помага образованито со практчина настава, посебно во период на недостиг на работна сила.
Жанета Џафер e единствен добитник на серификат за квалитет EUMK. Сертификатот за квалитет претставува сигурност за клиентите дека фирмата е сигурна и препорачана на клиентите.
Исто така, таа е добитничка на наградата „Златна маска“ за врвни достигнувања во медицинската козметологија.
Беше прогласена и за „Најуспешна жена менаџер“ од агенција „Марили“ за 2020 година.
Салонот „Жанета Естетик“ е познат и по својата формула за справување на кожа со акни кај младите. Нивната формула има строго одреден редослед:
а) чистење на воспалени акни;
б) чистење на митесери кои треба да се претворат во акни;
в) чистење и себерегулација на кожата (учење на жлездите да не лачат неконтролирано);
г) хемиски пилинзи и маски со колаген (регенерација на кожата).
Во „Жанета Естетик“ се нудат третмани за лице за лекување на акни и решавање на естетските проблеми, третмани на лице со дијамантки прав, злато и кристали, нехируршки лифтинг, третмани против стареење, кристални маски, маски со хијалурон, депилација, педикир – маникир и масажа на тело.
Салонот користи и третмани со матични клетки и разни масла без конзерванси, сапун од козјо млеко и органски креми.
Сопственичката Жанета Џафер е специјалист козметолог и мастер едукатор и постојано ги следи новитетите во современата козметологија и со својот тим им нуди врвни услуги на своите клиенти.
Во пресрет на летото, исклучително топлите денови, како и подготовките за плажа, салонот за убавина ви овозможува разубавување, релаксација и здрава кожа, како и третмани за слабеење.
Специфично за начиот на работа на салонот „Жанета Естетик“ се исклучиво мануелните третмани.
Статијата е прочитана 2326 пати.