Премиера на мјузиклот за деца и младинци „Малата сирена“

Мјузиклот за деца и младинци „Малата сирена“ вечер премиерно ќе биде изведен кино „Фросина“ во МКЦ – Скопје.

 

Приказната за сирена Ариел, во форма на театарски мјузикл, ќе ја изведат членовите на Студиото за детски и младински мјузикли „Бродвеј јуниор“, раководени од продуцентот и музичкиот директор Наташа Лалчевска. Актерската игра му е доверена на Радо Алексовски.

„Под морето“, „Дел од твојот свет“, „Бакни ја“ се само дел од безвременските песни кои овојпат публиката ќе ги слушне на македонски јазик, препеани од авторката Весна Малинова.

Во главните улоги ќе настапат Калина Александар (Ариел), Давид Огнаноски (принц Ерик), Михаел Пепоски (Крал Тритон), Јована Лалчевска (Себастијан), Дена Деница Симјановска (Урсула), Амелија Ончева (Скатл), Јована Спиркоска (Гримзби), Даријан Симјановски (Флаундер), Лука и Петар Златкови (Флотсам и Џетсам) и други.

Продукцијата е на Крео-Аксис, Здружение за инклузивно и неформално образование и развој – Скопје.


Статијата е прочитана 406 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско