Годишна конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

Народната банка денеска и утре ќе биде домаќин на годишниот форум на Виенската иницијатива, еден од најголемите настани во регионот од областа на финансиите. Настанот се одржува во Скопје, а поздравни обраќања ќе имаат гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и гувернерот на Хрватска Народна банка Борис Вујчиќ.

Настанот првпат се организира во Република Северна Македонија и првпат во земја која е надвор од Европската Унија.

Темата на првиот панел е монетарната и фискалната политика во свет со висока инфлација, на кој ќе учествуваат Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерка на Народната банка, Петер Кажимир, гувернер на Народната банка на Словачка, Радоје Жугиќ, гувернер на Централната банка на Црна Гора, Фатмир Бесими, министер за финансии и Лилјана Павлова, потпретседателка на Европската инвестициска банка.

На форумот ќе учествуваат над 80 странски гости, високи претставници од меѓународните финансиски институции, гувернери на централни банки, вицегувернери, претставници од повеќе банки и домашни учесници. Учесниците доаѓаат од 14 земји од Европа.


Статијата е прочитана 300 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско