Бушле: „Сонцето и ветерот се новото гориво во зелената транзиција“

Македонија има постигнато доста добро ниво на успешност во имплементацијата на законодавството во енергетиката, што во еден дел е прикажано и на еден конкурентен начин. Кризата станува нова реалност и земјите треба да се вратат кон обновливата енергија, а Северна Македонија тоа го прави. Ова е вистинско време за нов закон за обновливи извори за енергија, истакна заменик директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Дирк Бушле, кој денеска го презентираше Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската заедница во земјава, пренесува МИА.

„Лично сум убеден дека ако една земја рано ги усвојува и воведува овие измени, за што верувам дека Северна Македонија може, тоа ќе и ја оформи иднината за следните векови. Гледаме една трка кој побрзо и помудро оди кон зелена транзиција“, изјави Бушле, додавајќи дека сега тоа се случува во Европа.

Во обраќањето пред собраниската Комисија за економски прашања, Бушле истакна дека многу од земјите се ставени пред слични предизвици, особено во овој момент од историјата кога се соочуваме со посебна транзиција – зелената транзиција или „green deal“ во ЕУ.


Статијата е прочитана 180 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско