Битиќи: Општествената одговорност носи шанса за развој и подобра иднина на младите

Денеска можеме да ги поставиме темелите на општествената одговорност чии плодови ќе ги уживаат идните генерации, што всушност е наша обврска кон нив. Настанот за кој се собравме, доделување на стипендии за студенти, ја истакнува филантропијата на нашите бизнисмени, која е позната и како „општествена одговорност на корпорациите“, порача вчера вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на доделување на стипендии за додипломски студии во организација на фондацијата „Албиз“, пренесува МИА. 

Покрај зголемувањето на репутацијата на компаниите, потенцира тој, општествената одговорност на корпорациите и помага на заедницата да добие квалитетно образование, кое денес претставува главната алатка во борбата против сиромаштијата, правејќи ги луѓето способни за пазарот на трудот.

 

„Тоа најдобро ја илустрира синтагмата „да ги научиш младите да рибарат, а не само да им дадеш готова риба“, рече Битиќи и додаде дека 175-те студенти на кои вечерва им се доделуваат стипендии најверојатно утре ќе бидат носители на општествените и економските процеси во државата.

 

Вицепремиерот истакна дека образовниот процес бара заедничко партнерско делување од Владата и од бизнисите.

 

 „Ние не бегаме од нашите обврски за да создадеме услови за квалитетно образование. Република Северна Македонија внимателно ги следи меѓународните трендови заедно со Агендата 2030 каде, меѓу другото, филантропијата е еден од клучните механизми за поттикнување на развојот, па со измените на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, ќе бидат овозможени даночни олеснувања за донации од компании, вети Битиќи.

 


Статијата е прочитана 350 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско