Менаџерките од „Елит“ ја доделија наградата „Големо срце“ на пунктот за бездомници од Момин Поток

Традиционално, по втор пат, на 8 февруари на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, беше доделена наградата „ГОЛЕМО СРЦЕ“ во чест на Олгица Илоска.

Наградата отиде во рацете на тимот на пунктот за бездомници Момин Поток, за нивната несебична посветеност да го направат животот почовечен  и достоинствен за сите на кои им е тоа потребно, каква што беше и визијата на Олгица Илоска.

Статуетката „ГОЛЕМО СРЦЕ“ и беше предадена  на координаторката на тимот за бездомници Драгана Лазаревска, која имаше излагање за нивното работење и предизвиците со коишто се соочуваат.

Здружението на жени менаџери „Елит“ од свои средства им додели 75 оброци на бездомните лица, хигиенски средства и многу други производи. Беше организиран и ручек за сите бездомници, а членките исто така собраа топла облека, постелини и медикаменти.

Посебна благодарност упати Андреа Илоска Симоноска, ќерката на Олгица.

„Драги членки на „Елит“, ви благодарам на сите за продолжувањето на визијата на една преголема личност која неизмерно ја даваше нејзината љубов и поддршка на сите. Миле ми е што во нејзина чест продолжува да се шири нејзината Љубов на оние на кои најмногу им е потребно! Вечно ќе недостига, но нејзините дела ќе продолжат преку сите нас“, изјави Илоска Симоноска.

Таа ги поздрави и искрено им се заблагодари на сите во нејзино име и во име на фамилијата.

„Ви посакувам добро здравје на сите, зато што тоа е најважно. Големината на една личност се гледа во тоа што оставила зад себе, делата и духот на нејзиното преголемо срце ќе живеат вечно“, рече Илоска Симоноска. 

Координаторка на проектот Слаѓана Стаменкова им се заблагодари на сите членки на „Елит“ кои донира финансиски и материјални добра.

Здружението на жени менаџери „Елит“  кој оваа година доби нови членки, и помнатаму ќе продолжи со своите хумани дела, да помага онаму каде најмногу треба.


Статијата е прочитана 768 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско