Калин Ивановски ќе игра во четвртфинале на јуниорскиот Вимблдон
Maкедонскиот најдобар тенисер, Калин Ивановски се пласираше во четвртфиналето на јуниорскиот Вимблдон и со тоа стана првиот Македонец што стигнал толку далеку на еден Гренд слем турнир.
Ивановски обезбеди пласман во четвртфиналето со победата над Литванецот, Едас Бутвилас со 2:1, по сетови 6:4, 5:7 и 6:0.
„Ова е прекрасно искуство, претходно се радував на третото коло, а сега сум во четвртфинале и ова е најголем успех во мојата кариера. Не сум навикнат на вакво нешто, доаѓам од мала држава, Македонија. Тоа што ја претставувам мојата држава тука е голема работа за мене“, изјави Ивановски.
Ова е трета победа за 18-годишниот Ивановски во досегашниот дел од турнирот, откако претходно ги елиминираше Британецот Пау и Мексиканецот Пачеко.
За влез во полуфиналето на третиот Гренд слем во сезоната Ивановски ќе треба во четвртфиналето да го победи Шпанецот, Педро Роденас кој во два сета со 6:1 и 6:2 го елиминираше Бор Артнак од Словенија.
Статијата е прочитана 388 пати.