Македонија против Србија за бронза на Медитеранските игри

Ракометната репрезентација на Македонија ќе игра против Србија во натпреварот за третото место на Медитеранските игри што се играат во Оран, Алжир.

Борбата за бронзениот медал следува откако македонските ракометари во првото полуфинале беа убедливо совладани од Египет со 34:20, додека репрезентацијата на Шпанија вчера ја победи Србија со 42:38.

Натпреварот Македонија – Србија е утре, среда со почеток од 12:30 часот, а финалето во кое Шпанија и Египет ќе се борат за златото е во 17:30 часот.

 


Статијата е прочитана 255 пати.

Сподели: