Викендов почнува летното сметање на времето

Викендов почнува летното сметање на времето. Ноќта меѓу сабота и недела стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред, односно времето во 2 часот ќе се смета како да е 3 часот. 

До крајот на март денот ќе се зголеми и ќе се стемнува околу 18 часот, а со поместувањето на стрелкитe, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот.

Летното сметање на времето почнува секој последен викенд во март и трае до последниот викенд во октомври, кога повторно настапува зимското сметање на времето. Годинава летното сметање на времето ќе трае до 30 октомври во 3 часот по полноќ.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

 


Статијата е прочитана 474 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско