Eve’s Garden, нов и уникатен козметички бренд кој како „high performance“ е иднината на козметиката

Интервју со Марина Христовска, основач на „Марина козметик лаб“, компанија за производство на козметички производи и производи за општа употреба, која стои зад брендот Eve’s Garden. Во интервјуто таа зборува за примената на напредните методи на козметички инженеринг со чија помош е направен спој на најдоброто од органската и од перформанс козметиката, за досегашните искуства од употреба на овој тип козметика, за продажбата и дистрибуцијата на производите во пандемиски услови, како и за важноста на амбалажата за добар пласман на производите

 

  

МАРИЛИ: Од кога постои „Марина Kозметик лаб“ и со што се занимава Вашата компанија? 

ХРИСОТВСКА:Марина Козметик Лаб е компанија за производство на козметички производи и производи од општа употреба и воедно е компанијата која стои зад брендот Eve’s Garden. Eve’s Garden е нов и уникатен high performance козметички бренд, кој во своите формули користи високи концентрации на активни состојки, нутриенти, потентни екстракти и сето тоа во комбинација со напредните методи на козметички инженеринг. Благодарејки на овие методи успеавме да го споиме најдоброто од органската и перформанс козметиката, а истовремено воведовме и таканаречен hurdle пристап во конзервирање на производите кој, наместо употреба на конвенционалните конзерванси, ни овозможува да изградиме супер стабилен конзерваторски систем со состојки безбедни за сите типови кожа, вклучително и чувствителната бебешка кожа. Една од новините е интегрирање на состојките во согласност со нивната молекуларна маса и употреба на пенетративни појачувачи или т.н. носачи онаму каде што е потребно, за да се овозможи правилна трансепидермална дистрибуција на активните состојки. Ваквиот уникатен пристап го прави Eve’s Garden пионер во својата област.

 

МАРИЛИ: Од каде идејата да произведувате козметика и да градите оригинални високо квалитетни козметички брендови наспроти огромниот наплив од светски марки на нашиот пазар?

ХРИСТОВСКА: Пред повеќе од осум години се роди моето прво детенце. Имаше изразен атопичен дерматит, кој не се смируваше со ништо познато и препорачано на пазарот. Тогаш сфатив дека на пазарот постојат многу производи, но ретко кој од нив е делотворен. Години подоцна се роди Eve’s Garden и го понуди токму тоа што недостигаше на пазарот -  делотворни решенија кои имаат своја естетска функција. И покрај децениското искуство во формулирање tailor-made и органска козметика, беа потребни години за усовршување на формулите за да создадеме performance козметика која ќе направи вистинска разлика за корисниците.

Eve’s Garden е дело на тројца далековиди претприемачи кои целосно се вложија, зашто силно веруваме дека ова што го креираме е state of the art козметика која ќе стигне до најдалечните точки во светот и ќе биде синоним за high performance козметика.

 

МАРИЛИ: Што претставува генерацијата на performance козметиката кон која сте насочени и Вие, па го создадовте и оригиналниот висококвалитетен бренд Eves Garden кој во својата програма нуди high-preformance?

ХРИСТОВСКА: Ако органската козметика ја одбeлежа минатата деценија, performance козметиката е иднината на козметиката. Но, тука треба да направиме јасна дистинкција помеѓу performance козметиката и инвазивните естетски методи. Performance козметиката е новата генерација козметички производи која е целосно неинвазивна и која покрај естетска компонента нуди и вистински делотворни козметички ефекти. 

 

МАРИЛИ: Какви се досегашните искуства од употреба на овој тип козметика?

ХРИСТОВСКА: Од најновите искуства ќе ја споделам малата студија што ја направивме во соработка со една наша приватна болница. Замоливме 14 бремени жени во различен стадиум од бременоста да го нанесуваат секојдневно серумот со витамин А и Е во пределот на стомакот, колковите и градите, во времетраење на целата бременост и дополнително осум жени 8 што се породени со царски рез, да започнат со нанесување од истиот серум на лезијата од самиот рез. Иако студијата е се уште во тек, резултатите кои досега ги имаме добиено покажуваат неверојатен успех во третманост со визуелно намалување и избелување на веќе настанатите стрии во бременоста и речисио 100% успех во превенција на истите. Серумот покажа и исклучителни резултати при топичен третман на лезиите, истите видно ги намалува и по само две седмици употреба. Замислете, ако овој производ има такви видни резултатите на постоечките длабоки лезии, што се може да направи за фините линии и површинските лезии на лицето.

 

МАРИЛИ: Како во услови на пандемиско секојдневие ја организирате продажбата и дистрибуцијата на Вашите производи?

ХРИСТОВСКА: Она што е сигурно е дека пандемијата го смени начинот на пазарење и во најголем процент продажбата почна да се одвива онлајн. Ние како мал бренд лесно се прилагодуваме на овие трендови. Она што во голема мера ја отежнува нашата работа се немањето пристап до суровини и ексклузивна амбалажа во земјава, па сме принудени се да увезуваме, што понекогаш се усложнува поради транспортот и царинските постапки.

 

МАРИЛИ: Какво е Вашето искуство со брендираните корпоративни сетови, што содржат и колку се барани? 

ХРИСТОВСКА: Имаме три типа корпоративни сетови за брендирање. Поради самата пандемија, надополнето и со енергетската криза немаше многу простор за корпоративни настани и корпоративно дарување. Се надеваме на што поскоро закрепнување на економијата, а ние ќе бидеме тука за нашите клиенти да им ги понудиме најдобрите корпоративни сетови за нивните партнери и вработени.

 

МАРИЛИ: Колку во современото секојдневие амбалажата и дизајнот на производот се важни покрај неговиот квалитет? 

ХРИСТОВСКА: Изгледот продава, но одржлива база на клиенти се стекнува со квалитет и со решенија.

 

МАРИЛИ: Која е Марина приватно, како успевате да го усогласите своето работно секојдневие со приватните обврски?

ХРИСТОВСКА: Ретко можам да поставам граница меѓу службеното и приватното, особено во оваа фаза на подигање на брендот. На приватен план сум сопруга и неуморна мајка на три мали дечиња (Лео 8 години, Марко 2 години и Никола 3 недели). Некаде помеѓу пет-часовното спиење и менувањето пелени, успевам да поработам на маркетингот и да направам нарачки на суровини. Колку и да изгледа тешко, љубовта кон ова што го работам постојано ме движи. Во Eve’s Garden имам посветено огромна љубов и знаење, бидејќи убавината е наука.


Статијата е прочитана 1417 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско