Ангелоски - Лукаревска: „Потребно е унапредување на комуникацијата на бизнис-заедницата со УЈП“

Претседателот на Сојузот на стопанските комори на Македонија, Трајан Ангелоски вчера имаше работна средба со директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска на која се зборувало за досегашната соработка што ја остваруваат двете институции и за можностите за нејзино продлабочување во насока на намалување на парафинските давачки и развивање механизми за да се спречи нивно ново генерирање.

Ангелоски по средбата истакна дека во последните години УЈП се изгради во професионална институција која вложува максимални напори за задоволување на современите потреби на бизнисите нагласувајќи ја својата превентивна улога пред репресивната.

„Во наредниот период сметаме дека треба да се поработи на унапредување на секојдневната непосредната комуникација што ја имаат претставниците на бизнис-заедницата со Управата преку заедничко дефинирање протоколи, како и состаноци со редовна динамика на која ќе може да се добијат повеќе информации и да се објаснат дилемите што постојат за актуелни теми“, истакна Ангелоски.

На средбата се разговарало и за подобро регулирање на онлајн-продажбата и за сузбивање на нелојалната конкуренција.

„Добрата соработка со бизнис-заедницата е од голем интерес за Управата за јавни приходи поради што и ја инициравме оваа средба за запознавање со новиот претседател на Сојузот. Отворени сме за комуникација и подготвени да ги разгледаме сите иницијативи за креирање подобро бизнис-окружување кои доаѓаат од бизнис-секторот“, рече Лукаревска.

 


Статијата е прочитана 355 пати.

Сподели: