Инфо

ТАВ Македонија во март 2022 година ќе ја реновира пистата на скопскиот аеродром

среда, 03 ноември 2021

Во март наредната година ТАВ Македонија ќе инвестира во реновирање на пистата на скопскиот аеродром. 

„Сакаме да ја информираме јавноста, вклучувајќи ги сите патници што патуваат и планираат да патуваат преку Меѓународниот Аеродром Скопје, дека како дел од инвестицискиот план за експанзија и реновирање на македонски аеродроми, следната година, почнувајќи од 28 март 2022 до 16 мај 2022, во времетраење од 50 дена, ТАВ Македонија планира да ја рехабилитира пистата на скопскиот аеродром. Поради тоа авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје, во овој временски период ќе се одвида од 17,30 часот до 9,00 часот наутро“, информираат од ТАВ Македонија.

Планирана во консултација со сите засегнати страни, рехабилитацијата на пистата ќе биде завршена без затворање на аеродромот и со минимално влијание на авиосообраќајот. Натамошни информации ќе бидат обезбедени навремено.  

 

 

 

Содржината е прочитана 355 пати.