Викендов почнува зимското сметање на времето
Македонија викендов ќе премине на зимско сметање на времето. Ноќта во сабота спроти недела, поточно во три часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се вратат еден час наназад, па времето во три ќе се смета како два часот.
Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март наредната година, кога со поместување на часовникот за еден час нанапред повторно настапува летното сметање на времето.
Инаку, Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да се укине сезонското поместување на времето од 2021 година, но Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па отаму се уште не е сигурно дека ова ќе биде последно менување на сметањето на времето.
Сезонско менување на времето, освен во Европа се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.
Статијата е прочитана 628 пати.